Ракометарот Дарко Димитриевски се ожени

Петар Печков

Македонскиот ракометен интернационалец Дарко Димитриевски во неделата стапи во брак со велешанката Виолета Крлевска.

Така со венчавка тие ја крунисаа нивната врска со свеченост во хотел ,,Монтенегро,,.

Дарко кој настапи за македонската селекција против Грција на квалификациите за ЕП, настапува во  најдобрата Шпанска АСОБАЛ лига за екипата на  Сифин Сантандер а Виолета е програмер инженер вработена во фирма во Скопје.

Кум на младите беше ракометарот Костадин Петров. 

фото: ФБ 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати