Ракометната репрезентативка Николиќ, екс Портјанко починала ненадејно во близина на Велес

Петар Печков

Синоќа на 38 годишна возраст ненадејно почина поранешната репрезентативка Јулија Николиќ  поранешна Портјанко.  Украинката   пристигна во Скопје во 2003 година и набргу стана еден од омилените ликови во македонскиот женски ракомет. По пробниот период во Еуростандард  ЃП, премина во Кометал Ѓорче Петров и таму се задржа до 2009 година. Николиќ доби македонско државјанство, настапуваше за  македонската ракометна  репрезентацијата од која  се прости на Европското првенство во Србија во 2012.

Таа починал во близина на Велес, враќајќи се од Грција, на автопатот,  делница Градско- Велес, близу  бензинската пумпа на ДАДИ петрол. Околу 21.40 ч. на 11-ти октомври,  била побарана лекарска помош од велешката Итна помош.

 „Била побарана помош, лицето имал отежнато дишење. Испратена е лекарска екипа со доктор Јадранка Мишкова, која била на лице место“- кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната помош.

„Веднаш по повикот се упативме на местото на настанот. Пациентката беше без знаци на живот, без пулс, со агонално дишење. Минуваше екипа од приватна болница Филип Втори, кои сами пријдоа, имаше  кардиолог во возилото, кој застана и со неговата екипа  ја реанимиравме. Побаравме помош и од уште едно возило на велешка итна помош.  Реанимацијата траеше 60 минути, беа пуштени повеќе инјекции со  адреналин, но беше без успех“ - кажа д-р Јадранка Мишкова.

По распадот на славниот тим на ѓорчепетровки, Николиќ играше во клубови во Хрватска, Турција, Франција и Русија, по што се врати во Македонија и го облече дресот на Вардар. Ракометната  кариера ја заврши во 2015, по што остана да живее во Македонија, без да се ангажира во во овој спорт. Имаше приватен бизнис.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати