Реката Вардар во Велес се пориби со 200 кг крап

Петар Печков

Претпладнево реката Вардар, на течението низ центарот на Велес, беше порибена со 200 кг крап.  Ова е редовна годишна обврска на Здружението на спортски риболовци ,, Бабуна,, од Велес, согласно договорот за концесија, потпишан со Министерството за земјоделие и водостопанство. 

Подмладокот на рибата е обезбеден од репро-центарот ,,Акватика,, од Неготино. Од здружението објаснуваат дека ова го прават за да се збогати рибниот фонд во реката, која низ Велес е надвор од категоризирана категорија на загаденост. 

Оваа обврска ни е согласно договорот потпишан со Министерството, и тие побараа еднаш годишно ревирот на река Вардар, каде е под наша концесија, да се порибува.  Ова порибување го извршивме по барање на надлежните - кажа  Мартин Павлов -претседател на Здружението на спортски риболовци ,, Бабуна,, од Велес. 

Тој објасни дека за зачувување на рибниот фонд, освен професионалните рибочувари, годинава биле ангажирани и волонтери.  Од надлежната Инспекција, годинава од велешко биле поднесени десет кривични пријави за исто толку лица, поради риболов со забранети средства или во период на мрестот. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

  • да
  • не
Резултати