Ронтис изработи и донираше 500 заштитни визири за здравствените работници од Велес

Петар Печков

Швајцарската компанија Ронтис, која произведува медицински помагала, изработи 500 визири, кои ги донира на здравствените работници од Велес, кои работат во јавното здравство. Дополнително ќе изработи визири и за сите матични лекари од Велес. Во изработката на овие заштитни визири биле ангажирани лица од администрацијата но и лично директорката Бојана Димовска.

Поттикнати од случувањата  со пандемија од COVID -19 и зголемените потреби од заштитни средства за луѓето кои што се на првата борбена линија и работат за сите нас, дел од администрацијата на Ронтис,  влегоа во одделот за производство да изработат заштитни визири. Со големото искуство  што тимот на Ронтис го има во масовно производство на медицински помагала, не беше тешко да пренамени дел од своите линии за производство и од идеја до реализација во еден ден,  за нешто помалку од 7 часа произведе и спакува 500 визири - соопштија од компанијата чие производство на медицински помагала е наменето за странскиот пазар. 

Од таму наспоменуваат дека визирите се произведени рачно, тие   со Ронтис квалитет, односно во чисти простории (класа 8) и поединечно спакувани во блистер пакување. 

Ронтис  е општествено одговорна компанија, која се грижи за сите пациенти и здравствениот персонал и затоа првично овие визири ќе бидат донирани во ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом Велес, Центарот за јавно здравје Велеси ЈЗУ Специјализирана болница Јасеново. Дополнително ќе бидат изработени количини за сите матични лекари од Велес - додаваат од Ронтис. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати