Сабота вечер сефте во Велес, драјв -ин кино, ќе се прикажува акцијата Collide (видео)

Петар Печков

Сабота вечер за прв пат во Велес се случува DRIVE IN кино, или кино од автомобил на отворено.  Според најавите во 22ч. ќе се прикаже акцијата - трилер „Collide“ со Николас Хоулт, Фелисити Џонс и Ентони Хопкинс. Организаторот најавува дека  ова драјв-ин кино ќе се случи на паркингот пред Кит-го со почеток од 22 ч, додека претходно забавата започнува со настап на ДЏ Попај.  Цената на билетот е 150 денари.

Оваа идеја дојде како резултат на креативност на група млади ентузијасти, кои сакаат да придонесат со иновативни идеи на животот и делувањето на младите од и околу  Велес.- напишаа од организаторот младинска организација – Transparent Future.

Посочуваат дека  нивна  цел е да создаваат проекти и настани од општествен и хуманитарен карактер, и придонесат можности младите да го разубават своето место на живеење без потреба на политичка активност.

Како задолжителни мерки за заинтересираните кои сакаа да го следат прикажувањето на филмот се  максимално две лица во автомобилот, носење на  заштитни маски при влез и за време на проекцијата на филмот. За посетителите организиран е и кетеринг со повеќе понудени пакети.  Местоположбата на возилата при следењето на филмот,  ќе биде според типот и големината на истите, поради подобра визуелност.

Организаторот  „Transparent Future“   најавува дека собраните средства од настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели и дека датумот на одржувањето на проекцијата на филмот е подложен на промена, во случај на неповолни временски услови.

Телефонските броеви за резервација се 078/265-516 и 078/430-356.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати