Сашо Димоски нов в.д директор на велешки театар

Петар Печков

Од понеделникот Центарот за култура од Велес   има нов вршител на должност директор , Сашо Димоски. Од министерството за култура ја потврдија оваа информација на ТрМр, со објаснување дека  на досегашниот в.д. директор му истекол мандатот.

Согласно Законот за култура, со истекот на мандатот на претходниот в.д. директор на НУ-Центар за култура - Велес,  министерот за култура именува нов в.д. директор од редот на вработените за нови шест  месеци. Претходниот в.д. директор Александар Ивановски оваа функција ја извршуваше на два пати по 6 месеци. За нов в.д. директор за нови шест  месеци е назначен Сашо Димоски. Тој ќе ја извршува оваа функција до овозможување на законска можност за распишување на јавен оглас за избор на директор со редовен мандат од 4 години - информираше  Нурџан Асановска портпарол на министерството за култура. 

Димоски е вработен во велешки театар од 2014-та година, како драматург. Според негови текстови беа поставени и претставите Федра, Ана Комнена, Шумата на моето дрво а за Кралските копилиња беше и режисер. Димоски во 2016-та ја доби и наградата „Рациново признание“ за книгата „Петтото годишно време“. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати