Седуммина пешаци не минеле на пешачки

Петар Печков

Понеделникот пет часа, сообраќајната полиција контролирала, колку пешаците минат правилно преку улица, на пешачки и на семафор. 

Во периодот од 11 до 16 часот на 25-ти ноември  на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, биле констатирани 17 прекршоци, од кои седум во Велес, пет во Кавадарци и пет во Неготино - изјави Верољуб Додевски портпаролот на СВР Велес.  

За сите прекршоци изречени биле соодветни казни.  Во претходната ваква акција, на 5-ти ноември  во Велес, биле констатирани 11 прекршоци. 

Вчера, истовремено сообраќајна контрола биле извршена во повеќе градови при што во Тетово биле констатирани 36, Гостивар пет,  Струмица шест, Скопје 20, два во Штип, четири во Кочани, два во Пробиштип, пет во Виница, четири во Делчево и три во Берово. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати