Седуммина родители на суд оти не ги вакцинирале децата

Петар Печков

Седуммина родители од Велес завршија на суд, оти не ја почитуваат законската обврска нивните деца да бидат вакцинирани. Дел од нив,  се парично казнети дел не. Сите тие не дозволиле нивните деца да примат вакцина. 

Согласно Законот за здравствена заштита Државниот  санитарен и здравствен инспекторат постапил во седум случаи. Родителите платиле парична казна во висина од 300 до 600 евра, во зависност од случајот.   Родителите  сметале дека нивното дете не треба да биде вакцинирано, по цена на неговото здравје  во натамошниот живот и дека е подобро да платат глоба.    

Пред да се поднесе прекршочна пријава,  со родителите на децата кои не дозволуваат да бидат вакцинирани се разговара и во   Детската  превентивна здравствена заштита со развојно советувалиште -Велес и во   Подрачната служба на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

По овие разговори повеќето се премислувале, но седуммина  родители останале цврсто на ставот, дека и по цена на здравјето и паричната казна, децата не  ги вакцинираат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати