Семејно насилство, сопруга со нож нападнала врз синот и сопругот, син го претепал татко си

Петар Печков

СВР Велес информира за два настани, семејно насилство кои се случија вчера, среда во Велес.

На 03.04.2019 во 12.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот на ул.„Петре Прличко“ М.М.(36) со нож ги повредила нејзиниот сопруг Р.И.(47) и син А.М.(19). М.М. е лишена од слобода и по целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава. Извршен е увид на местото на настанот.

На 04.04.2019 околу 00.35 часот во СВР Велес, З.И.(57) од Велес пријавил дека во куќата на ул.„Костурска“ физички бил нападнат од неговиот син Б.И.(30). З.И. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Б.И. бил приведен во полицискат станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дедка пациентот З.И. имал повреди на лицето, бил примен на уво грло нос и поради тежината на повредите бил пренесен на клиниките во Скопје.

Велешката полиција информираше и за уште еден настан, кој се случил во двор од училиште. 

На 03.04.2019 околу 20.40 часот во СВР Велес, малолетна девојка од Велес пријавила дека била допирано по телото од В.Т.(61), чувар во училиште во Велес. В.Т. е приведен во СВР Велес. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати