Петар Печков
Објавено: четврток, 03 јули 2025
Се истражува внатрешноста на црквата Св. Димитрија крај Велес. Стручните лица на Националниот конзерватоски центар на Македонија, пребаруваат по старите црковни ѕидови, дали има остатоци од оригиналниот, автентичен живопис. Стручњаците сметаат дека таа е нацртана и во вантрешноста, како и на влезот, при крај на 13 век, кога била и изградена.
„Внатрешноста на црквата е целосно пресликана во 19 век. Нашите напори се да го откриеме живописот од крајот на 13 век. Имаме индиции дека има нешто. Прашање е дали можеме со овие сонди да откриеме дел од живописот. Имаме повеќе причини, да истражуваме и го отстраниме живопис од 19 век во потрага по автеничен од 13 век“ – кажа Дарко Николовски, историчар на уметноста.
Дилемата е дали со мануелните сонди може нешто да се открие, како ран ракопис, од времето кога црквага е живописана. Тоа е потребно, за да се отстранат фреските од 19 век и се дојде до оригиналните од крајот на 13 век. Во апсидата на црквата се пронајдени делови од оригиналниот живопис.
„Тоа што долги години беше тајна, мистерија, откривме мал дел во апсидата, дека станува збор за исто така стар живопис. Најдовме и дел од декорација. Тоа говори дека и овој дел од црквата бил живописан во 13 век. Преостанува да видиме колку во останатите делови на црквата е сочуван овој новооткриен, и на кои позиции“ – рече Владо Мукоски конзерватор.
Конзервацијата е долг процес, треба да се вработи внимателно да не се наруши естиката на живописот од 19 век, и да се открие живописот од 13 век. Ова е комплициран и сериозен зафат на стручните лица од Националниот конзерваторски центар на Македонија. Нив ќе им треба долго време, но и средства за да ги откријат во целост тајните на манастирот Св. Димитрија.
Пред десетина години во нартексот, припратата на црквата Св. Димитрија беа најдени делови од живопис. По долги години работа е откриен ктиророт на црквата -Лав Котаница, а на сводот има повеќе фрески. Меѓу нив се циклус посветен на Св. Димитриј, ретки сцени кога тој го убива воинот или Авгар, или кога Господ го праќа трговецот да донесе жито и го спаси Солун од опсадата. Има и сцени од Сташниот суд, постар пример на овој редок циклус.