Се затвора депонијата за градежен шут, оти таму се фрлало и комунален отпад (фото)

Петар Печков

Меѓу последните одлуки на Советот на Општина Велес во минатиот состав беше таа со која се   дава согласност за затворање на депонија на земја, шут и друг отпаден градежен материјал во Општина Велес. Со ова се отпочнува постапката за  нејзино затворање и дислокација. Одлуката беше донесена едногласно. 

„Со оваа одлука имаме намера да за затвориме депонијата за градежен шут иа ја префрлиме на депонијата за комунален отпад. Имаме големи реакции на граѓаните кои живеат во соседството, бидејќи таму  освен инертен отпад се фрла  и комунален. Така се шири непријатна миризба, затоа предлагаме таа да се затвори. Оваа депонија би се прекрила и со проект се планира пешачка зона, со урбана опрема“ – образложи Петре Цилаков раководител на одделението за животна средина. За затворање на оваа депонија се бара и мислење од Министерството за животна средина (МЖСПП) 

Површината на депонијата е 3,5 илјади м2. лоцирана во местото викано Две длабнатини, близу поранешната фабрика Киро Ќучук.  Одделението за заштита на животната средина  треба да изготви нова  Предлог-Одлука за определување точна подлокација за депонија на земја, шут и друг отпаден градежен материјал во Општина Велес со точни и прецизни координати утврдени во документација каде ќе биде изработена, а одобрена од МЖСПП и истата да ја усвојувои Советот на Општина Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати