Се намалува бројката на ново регистрирани пациенти заразени со ковид-19 во велешко

Петар Печков

Се намалува бројот на ново заразени со ковид-19 во велешко. Денес Центарот за јавно здравје регистрира   11 нови случаи, или  2.686 досега. Оздравени се  29   пациенти или вкупно 1.996. Активни се 605  случаи, од нив 25 се во велешка  Болница, едно во Болницата Козле  и пет во приватни клиники во Скопје, додека на домашно лекување се  574 пациенти  

Од  Општа  Болница Велес информираа дека кај нив  хоспитализирани  се  40 пациенти, од кои 29 се потврдени позитивни и 11 пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти. На Инфективно се  35 на Интерно пет пациенти. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати