Се намалува бројот на новороденчиња во велешко, повеќе починати лица отколку родени бебиња

Петар Печков

Во 2018-тата година во велешко родени се 519 бебиња, што е за 41 помалку отколку во 2017-тат кога имало 560. Ова се бројките на Државниот завод за статистика. Во велешко најмногу бебиња се родени од мајки на возраст од 25-29 183, па од 30 до 34 -162 бебиња.  Лани во велешко биле починати 586 лица што е помалку отколку во 2017-та кога имало 599. Најчесто умираат лица постари од 65 -  455 и на возраст од 45 до 64 - 112.  Анализата покажува дека во 2018-та во велешко имало повеќе починати лица отколку новородени за 67. Тој однос во 2017-та бил 39 помалку новородени, отколку починати. 

  Еве како е состојбата во соседните општини.

Во Градско лани биле родни  32 бебиња наспроти 36 во 2017-та.  Што се однесува до бројот на починати лица во оваа општина лани имало33 додека во 2017-та 32. 

Во Лозово  во 2018- та било родено 21 бебе што е помалку отколку во 2017-та кога имало 29. И во оваа општина има повеќе починати отколку родени., Така во 2018-та имало починато 36 лица а  година дена претходно 38. 

Во Чашка  во 2018-та имало родени 135 бебиња што е помалку отколку во 2017-та  кога имало 143. За истиот период  2018-та имало во Чашка 53 починати наспроти 81 година дена порано. Само во оваа општина  има повеќе новороденчиња отколку починати лица. 

loading...

Поврзани »

loading...

>

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати