Се намалува бројот на склопени бракови во велешко

Петар Печков

Намален  е бројот на склопени бракови во Општина Велес изминатата 2023 година.

Според добиените податоци од  Управата за водење на матична евиденција Велес заедно со трите одделенија во Градско , Чашка и Богомила,  во 2024 имало  372 склопени брака наспроти  423  во 2023. Тоа е намалување од  51  во однос на годината пред тоа. За споредба  во 2022 година имало 383 венчани пара.  Првиот склопен брак годинава,  во Велес беше уште на првиот работен ден, на 2 јануари.

Од Управата за водење матична евиденција,  потсетуваат дека бројката од   склопени бракови годинава, не е целосна и точна  за  Велес. Оти младите имаат можност, а тоа и го користат, да склопат брак во друг град, во некој туристички центар, Охрид, Струга, Крушево, што во пракса и се случува. И тогаш тој брак се води дека е склопен во тој град, иако младите се велешани со адреса на живеење во Велес. 

Во бројката на склопени бракови, се и жители од  други градови, кој стапуваат во брак во винариите или угостителските објекти во велешко.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати