Се одржаа работилниците за ученици за стари занaети (фото)

Петар Печков

Со завршната свеченост и изложба на рачните изработки од децата учесници на летните школи за ткаење, за накит и за грнчарство, заврши  проектот „Етно креативни работилници за заживување на старите занаети”.

Работилниците беа намените за учениците од општинските основни училишта, како и сите други лица кои имаа желба и интерес во соодветната област.

Во Спомен-куќата на поетот Кочо Рацин се одржуваше работилницата за грнчарство,  во куќата на Касапови, работилниците за ткаење и изработка на накит.

фото Општина Велес

Учесниците работеа две седмици, или десет работни дена. Дополнително, во текот на месец септември ќе се одржат уште две работилници за столарство и копаничарство.

Организатори беа НВО „Разбој” – Велес во партнерство со Здружение на финансиски работници.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати