Петар Печков
Објавено: петок, 14 ноември 2025
Во велешко има 17 ученици помалку на почетокот од оваа година, споредено со лани. Учебната 2025/26 година ја започнале 6.302 ученика а лани имало 6.319. Во прво одделение годинава има 75 ученици помалку.
Ако се аналиизра по основно и средно образование се доаѓа до заклучокот дека бројката на ниво за сите ученици е така мала, бидејќи во средното образвоание има зголемен број ученици.
Во бројки – годинава на почетокот од учебната година 2.093 а лани имало 2.004 ученици во средно. Или бројот на ученици кои доаѓаат од други градови, да посетуваат настава во Велес го зголемува нивниот број. Во Велес во четирите средни училишта настава посетуваат ученици од Гевгелија, Неготино, Лозово, Чашка, Росоман.
Бројот на основци годинава е 4.209 а лани бил 4.315, што е намалување за 106, што се должи на отселувањето.
2024/25 -6.319 / основци 4.315 / средношколци 2.004/ прво одделение 476/ прва година 554
2025/26 – 6.302 / основци 4.209/средношколци 2.093/ прво одделение 401/ прва година 578
ООУ Св. Кирил и Методиј 585/ првачиња 50 лани 603/ првачиња 73
ООУ Блаже Конески 983/ првачиња 84 лани 1.033/ 102
ООУ Васил Главинов 1175 / првачиња 142 лани 1.175/ 136
ООУ Стојан Бурчевски Буридан 79/ првачиња 5 лани 87/ 12
ООУ Рајко Жинзифов 168 / првачиња 13 лани 181/ 21
ООУ Лирија 509/првачиња 48 лани 510/ 60
ООУ Панко Брашнаров 710/ првачиња 59 лани 726/ 72
На училиште оваа година тргнуваат децата родени во 2019, а таа година се родиле во велешко 600 бебиња. Годинава прво одделение започнаа настава 476 ученика.
Бројот на ученици во прва година средно по училиште е следен:
ОСУ Јовче Тесличков 80/ лани 64
ССОУ Димитрија Чуповски 117/ 135
СОУ Гимназија Кочо Рацин 111/ 78
ДСУРЦ Коле Неделковски 1001/ 277
Во средните училишта во градот бројната состојба е следна:
Јовче Тесличков 244/ лани 202
Димитрија Чуповски 468/ 492
Гимназија Кочо Рацин 380/ 386
Koле Неделковски 1001/ 924
Голем е бројот на деца кои недостигаат во прво одделение во основните училишта во велешко, поради менување на адреса. Во ОУ „Панко Брашнар“ тоа се 37 деца, во ОУ Блаже Конески во странство заминале 30 деца. Во други училишта, разликата во бројот на деца кои требало да се запишат е заедно со тие кои се исселиле со родителите. Така во ОУ Св. Кирил и Методиј недостигаат 55 деца, во ОУ Васил Главинов 40 првооделенци. И во училиштето во Бузалково, каде настава посетуваат ученици на албански јазик има намалување на бројот, таму наместо 35 се запишале 30 ученици во прво одделение.
Податокот добиен од Општина Велес, колку првоодделенци годинава добија парична помош од три илјади денари, која локалната власт ја доделува е 401 дете. Тоа е за 155 помалку од бројот на првооделенци кои тие го добија од МВР во мај, дека 556 деца треба да почнат образование во седумтте велешки основни школи. Толкава беше и бројката, 556 деца кои требаше пред да тргнат на училиште, пролеттва да минат назадолжителен систематски преглед, кај очен лекар и на стоматолог. Или во велешко има 256 првачиња помалку од лани.
