Се поставуваат безбедносни столпчиња пред пешачките премини

Петар Печков

Оваа седмица на повеќе локации во градот, пред пешачките премини, поставени се  или се поставуваат безбедносни столпчиња. Ова дополнително вертикално одбележување на безбедносните триаголници од хоризонталната патна сигнализација, преку поставување на столпчињата, овозможува дополнително означување на просторот пред пешачките премини. Истото е по барање на граѓаните и советниците а во согласност со годишната  програма за уредување на градежно земјиште. 

Општина Велес продолжува со реализација на проекти од безбедноста во сообраќајот. Проектот  придонесува кон дополнителна и поголема безбедност на градските улици, со тоа што го оневозможува непрописното паркирање на возилата во безбедносната зона на пешачките премини и ја зголемува видливоста на пешаците и прегледноста на возачите - пишува во информацијата на локалната власт. 

Проектот поставување на безбедносни  и столпчиња  придонесува  за подигнување на нивото на безбедност на пешаците како активни учесници во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и несакани последици.

Поставувањето на сообраќајната опрема, стотина еластични безбедносни столпчиња,  ја извршува ДПСИ „Кединг” ДООЕЛ Скопје како носител на набавката за Одржување на вертикална сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема во Општина Велес. За реализација на овие активности, од Општинскиот буџет, издвоени се  125.277 денари.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати