Се потрошија парите предвидени за годинава, за исплата на граѓани каснати од кучиња скитници

Петар Печков

Локалната власт ја зголеми ставката  од која  се исплатуваат тужбите од граѓани, поради каснувања од кучиња скитници.  Тоа се должи на зголемениот  бројот на тужби кои граѓаните ги поднеле против Општина Велес, за обесштетување од каснување на куче.

За десет месеци годинава имало пристигнато 17 тужби за што се исплатени 831.557 денари. Со тоа биле исцрпени планираните и обезбедени средства од локалниот Буџет,  па се  изврши измена на распоредот на средства од Буџетот на Општина Велес.

Ставката со која се обезбедуваат средства по тужбите за каснување од кучиња е исцрпена. Затоа правиме прераспределување на средства од друга ставка, од плати на државни службеници, каде имаме неискористени средства, бидејќи имавме планирани а нереализирани вработувања - објасни Љупче Андреевски, раководител на  одделение за финансии.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати