Се реконструира теренот на помошното фудбалско игралиште за локалната власт го прими на користење

Петар Печков

Во тек е реконструкција на помошното фудбалско игралиште во Градски парк. Се врши отстранување на констатираните неправилности, во однос на предложениот проект, поради што локалната власт одбиваше да го  прими, оти истото не е завршено.

„Во тек се работи на санација на теренот. Се поставува нова земјена површина, трева. Очекувам дека работите ќе завршат до пролет и од есен тука да се играат натреварите од Општинската фудбалска лига. Наидовме на разбирање на новото раководство на ФФМ и во интерес на градот, конечно да да се користи овој  терен“ – рече Трајче Шопов претседател на ОФС Велес. Работите ги изведува Делта пром.  

Градежните работи за реконструкција на игралиштето започнаа на 2 јуни 2021 година. Инвестицијата беше 400 илјади евра, средства од УЕФА, а рокот на изведба една година.  Беше најавено поставување на 1.125 седишта и рефлектори за осветлување, но не и за одигрување на ноќни натпревари.

Градоначалникот  Марко Колев пролетва изјави дека теренот е нефукнционален и значително отстапува од првичните проекции. Доколку констатираните недостатоци се отстранат би се извршил прием од страна на Општина Велес. 

Поврзани »

Експанда ДООЕЛ

ПРОДАЖЕН ЕКСПЕРТ
Локација: Велес
Број на работни места: 2

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати