Се тампонира патот до село Сопот

Петар Печков

Започнати се градежни работи за пристапниот пат до селото Сопот, соопштија од локалната власт.  Патот се тампонира, валира и проширува, од раскрсница кај винарија Шато Сопот, до влезот во селото.

„Во тек се градежни работи со градежни машини за порамнување на пристапниот пат до село Сопот, почнувајќи од раскрсница кај винарија Шато Сопот па се до влезот во селото. Во рамки на оваа реконструкција предвидено е и тампонирање на одредени делници од патниот правец, распостилање на тампонскиот материјал и валирање. На одредени места од патниот правец со порамнувањето извршено е и проширување на патот, со што се овозможува подобрување на условите за користење на пристапниот пат до село Сопот“ – информираа локалната власт.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати