Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 септември 2025
Во саботата се одржа акција за чистење на околината на долна Бабуна. Тоа беше дел од содржините на Европска недела на мобилност 2025. Преку летото бројни гости рекреираат на овој простор а екои од нив забораваат да го понесат и сметот.
„Граѓаните и посетителите на ова излетничко место да не го растураат и оставаат зад себе отпадот туку да го фрлат во најблискиот контејнер и да допринесат за заштита на животната средина“ – порачаа од локалната власт.
На акцијата учествуваа претставници на општинската администрација, членови на Советот и членови на „Велешки акцијаши“.
Во петокот се чистеше просторот околу Автобуската станица, исто така дел од содржините на Европска недела на мобилност 2025.
фото: веб Општина Велес