Синдикалистот Даневски доби една година затвор за сообраќајка во која почина негов колега

Петар Печков

Синдикалистот Живко Даневски (65 год) доби една година затвор за сообраќајка, во која почина негов колега, сопатник во возилото.  Даневски беше прогласен за виновен во Основен суд Свети Николе за кривичното дело ,,тешки дела против безбедноста на луѓето,,.

Ова беше повторено судење, откако во првото Даневски, кој е претседател на АГРО синдикатот, беше ослободен, но Апелација Штип ја врати таа пресуда.   

Причините за настанување на оваа сообраќајна незгода според вештото лице а кој судот ги прифати, биле невнимателно управување на обвинетиот со возилото при движење со брзина од 107,48км/ч и  зборување на мобилен телефон, задремување, разгледување на околината, разговор со сопатникот, палење цигара, зафатеност со радиото. 

,,Доколку возилото се движело со помала брзина, со 60 до 70км/ч би можеле да се намалат последиците од незгодата, односно не би дошло до превртување. Обвинетиот бил должен да ја прилагоди брзината спрема условите на патот,,. пишува во вештачењето. 

Сообраќајната несреќа, излетувањето на автомобил марка ,,Шкода Супер Б,, се случи на  31-ви март 2017-та, околу 15,10 ч на магистралниот пат Велес - Штип, близу Лозово. Иако патот бил  сув и чист,  автомобилот излетал во  кривина, се превртел неколку пати на кровот и пак застанал  на тркала, од кое превртување со тешки телесни повреди на главата  се здобил сопатникот Љубомир Митев (63 год) и го загубил животот на лице место.

Даневски  кога го управувал возилото немал  алкохол во организмот,  било  утврдено со анализа на крв и урина. Пресудата не  е правосилна. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати