Собрани 60 крвни единици на крводарителската акција на ЗГ „Велес бајкинг“

Петар Печков

Во денешната крводарителска акција, реализирана во фоајето на теаарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ беа собрани 60 крвни единици. Двајца од дарителите даруваа за прв пат.

„Ниту дождот не ги поколеба крводарителите да ја покажат својата хуманост на крводарителската акција која денеска се одржа во просториите на Театар Џинот“ – кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.

Акцијата заеднички ја реализираа Општинска организација на  Црвен крст Велес, Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Здружението "Велес бајкинг"

Ова е пета нивна акција, која прв пат беше реализирана 2020 година. Најуспешна беше таа од 2021 година, со  80 крвни единици а лани и годинава се собраа по 60 крвни едини.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати