Петар Печков
Објавено: четврток, 11 декември 2025
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, пак, спроведоа превентивно-едукативна активност за заштита од имотни деликти, пред се кражби и измами.
„Во непосредна комуникација со граѓаните, особено со повозрасната популација, полициските службеници им даваа корисни совети на граѓаните како да се заштитат себе и своите домови од кражби, провални кражби и измами и потребата секој сомнителен случај да го пријават во полиција“ – соопштија од МВР.
