Советниците бараат локалната власт да постави пет мониторинг станици за квалитетот на воздухот

Петар Печков

Советниците на   Општина Велес, побараа од локална власт да се  распише меѓународен тендер за набавка на мониторинг- станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот  воздух во градот,  на пет локации во градот.

Ова е заклучок од седницата на која се расправаше за  состојбата со квалитетот на животната средина во  Велес а по реакциите на граѓаните за работата на Варницата ,,Техно павер,, и пожарот во Маслодајна.

Целта е  транспарентно да се следи состојбата со можни загадување на воздухот од индустријата, домаќинствата и сообраќајот - пишува  во документот.  

Барањето доаѓа како реакција на тоа што во Велес работи само една мерна станица за квалитетот на воздухот, на  Министерството за животна средина (МЖСПП), но и таа мери  само со два параметри, додека ПМ 10 честичките не се мерат од лани во јули. 

Се побара и информација од Државниот инспекторат за животна средина дали ,,ТЕХНОПАВЕР Скопје – Каменолом Превалец Велес,,  го исполнил условот 6.1.8 од А -Интегрираната еколошка дозвола со  кој се пропишува дека е потребно да постави во најблиската станбена зона, која се наоѓа во правец на ветерот најмалку една мерна станица за квалитет на амбиентниот воздух.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати