Советниците едногласно ја прифатија иницијативата училиштето од Бузалково, да биде самостоен правен субјект

Петар Печков

На последната  54-та седница на Советот на Општина Велес, едногласно помина иницијативата Основното училиште  во Бузалково, да добие статус  на самостоен правен субјект. Сите 20 советника, присутни на он-лајн седницата гласале ,,за,,.

Ова училиште со подрачните во Сливник и Клуковец се дел од ОУ „Васил Главинов“.  Предлогот на градоначалникот Аце Коцевски е  Основното Училиште во селото Бузалково да постои како посебен правен субјект, бидејќи ги исполнува условите за тоа,  кои се предвидени со закон.

По претходно добиени иницијативи, извршени консултации и по изготвување на соодветна анализа се одлучив за овај предлог  - вели градоначалникот Коцевски.

Во подрачното основно училиште во Бузалково има 17 паралелки, учат вкупно 371 ученик, во подрачното основно училиште во Сливник има пет паралелки и вкупно 90 ученици, а во подрачното основно училиште во Клуковец учат 51 ученик во пет паралелки. Со оваа иницијатива, овие подрачни училишта ќе можат да се издвојат од централното основно училиште „Васил Главинов” и да формираат посебен правен субјект. Постапката продолжува натаму со следните правни чекори.  

Во велешко постојат шест основни училишта: ОУ Панко Брашнаров, ОУ СВ. Кирил и Методиј, ОУ Блаже Конески, ОУ Васил Главинов, ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари и ОУ Стојан Стојчески Буридан во село Иванковци  

Поврзани »

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ недела се прска против комарци

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати