Советот го усвои барањето за поголем број на деца во велешките градинки

Петар Печков

Cоветот на Општина Велес со мнозинство гласови 11 ,,за,, и 8 воздржани го подржа барањето на УО на Детските градинки ,,Димче Мирчев,, за поголем број на деца над нормативите утврдени во Законот за заштита  на децата.

Според бројките на оваа институција,  во шесте клона на Детската градинка ,,Димче Мирчев,, има згрижено 1.359 деца иако капацитетот е  1.042.  Тие се згрижени во  49 групи. Или над капацитетите има 317 деца.

Hајголем број деца се згрижени во Kлон  2 кај Жаба зграда  421 иако капацитетот е  260 деца.  Појаснување за зголемувањето на бројот на деца даде директорката Бранислава Нацева.

Капацитетот на градинките е 30 години ист, немаме ниту еден нов објект во градот.   Поради големиот интерес на родителите, приморани сме да формираме групи над  стандардите. Тоа не значи дека со зголемувањето на бројот на деца во групите се доведува во прашање нивната безбедност, здравје. Во тие групи вработивме уште по еден воспитувач   кој се грижи за децата. Тоа се групи каде има одлив на деца поради заминување на семејството во странство, во друг град, или се испразнети  од други причини па ние ги пополнуваме со нови деца  - кажа директорката Нацева.

Таа додаде  дека Велес е на врвот во Македонија според прифатеноста на деца во градинките.

Незадоволство од зголемувањето на бројката на деца во градинките над нормативите кажа д-р Флоретина Ристовска  Шурбевска, која изминатите десетина години беше директор на Центарот за Јавно здравје во Велес.

Треба да се внимава со бројноста на децата оти во поголеми групи  потребно е поголемо внимание, за здравјето, за одржувањето на хигиена, на воспитниот процес, на образованиот - кажа д-р Шурбевска.   

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски  вели дека е добро што повеќе деца да има во градинките, бидејќи според светски стандарди така се зголемувал коефициентот на знаење на децата од рана возраст   Но тоа да не биде по цена на квалитетот на услуги. 

Доколку бројот на деца е преголем  подобро  да не ги прифатат, отколку  да ги прифатат а да не понудат соодветен квалитет на услуги. Не е добро да се претерува со број на прифатени деца, треба да се води грижа за бројот на деца во групите - кажа градоначалникот Коцевски.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати