Петар Печков
Објавено: вторник, 22 јули 2025
Со усвојувањето на Предлог планот од страна на членовите на Советот, завршена е административната процедура за реконструкција на дел од инфраструктурата во Велес. Претходно во Владата, беа потпишани договорите за петнаесет капитални проекти. Од локалната власт дополнија дека сите аплицирани проекти од нивна страна, биле одобрени.
Со овие проекти се обезбедуваат средства за: реконструкција на патот Отовица - Сојаклари; патот Челошево - Дорутовец; влез во село Иванковци; влез во Башино Село - потег од Енмон до сред село; влез во с.Караслари - потег од бензинска пумпа Макпетрол до сред село; влез во с.Мамутчево; реконструкција на плоштад во центарот на градот; реконструкција на противпожарен дом, заедно со помошен објект и партерно уредување; реконструкција на спортска сала "Гемиџии" - електрика, водовод и дел од архитектура; реконструкција на ул.Васил Главинов со изградба на потпорен ѕид; реконструкција на фасада на ССОУ "Димитрија Чуповски"; реконструкција на ул.Васил Ѓорѓов - од крстосницата кај театарот до плоштад Којник; ул.11 Октомври; ул.Белградска - делница од градинката до магацините на ЈКП Дервен; Реконструкција на ул.Алексо Демниевски Бауман - потег од поранешен Жито Вардар до железничка станица.
Средствата се одбезбедени од Унгарскиот кредит.