Петар Печков
Објавено: четврток, 27 февруари 2025
На вчерашната седница на Советот, беше донесена одлука за издавање на градскиот базен. Тоа ќе биде со електронско јавно наддавање, преку електронскиот систем за јавно наддавање. Советниците одлуката ја донесоа едногласно.
Постигнатата месечна закупнина при јавното наддавање, закупецот ќе ја плаќа за три месеци во тековната година јули, август и септември.
Додека за останатите девет месеци од годината, закупецот е должен кон сопственикот да плаќа закупнина во висина од 3.000 денари месечно.
Објектот-Градски базен се дава во закуп за период од 5 (пет) години.
Советниците со прашање, зошто не е дадена почетната цена, како што беше во претходните случаи.
„Кога ќе се заврши со репроценката на објектот, ќе биде позната почетната цена. Таа ќе бдие објавена со јавниот повик. Во интерес на времето, за да го издадеме објектот, за навреме да почнат подготовките за негова употреба, не е запишана почетната цена“ – кажа Марија Чатмова секретар на Општина Велес.
Со претходниот закупец, откако две години не плаќал кирија, Општина Велес го раскина договорот.