Сообраќајка кај Петрова чешма

Петар Печков

Саботата навечер, на влезот од Велес, кај Петрова чешмна се случила сообраќајка, во која учествувале  два автомобили, марка фолксваген од Кавадарци и Скопје. Две лица се задржани на лекување во велешка болница.

На 7-ми  декември  околу 18.50 часот на регионалниот пат Велес - Мамутчево, на место викано „Петрово чешмиче“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(23) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(39) од Скопје. Повредените  биле пренесени во болницата во Велес за укажување на лекарска помош - соопштија  од МВР  Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.   

Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека кај нив на лекување се задржани две лица Р.Ш. и В.Ш. поради набиеници на колени и граден кош. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати