Сообраќајната полиција со апел до возачите, да не паркираат на места означени за лица со посебни потреби

Петар Печков

Во изминатиот период полициски службеници од Полициска Станица за Безбедност на патниот сообраќај Велес констатирале бројни неправилности со несовесно паркирање од голем број на возачи кои ги паркираат возилата на места наменети за паркирање на лица со посебни потреби.

„Постоењето на овие паркинг места е одговор на потребата оваа категорија на лица кои имаат потешкотии при движењето, качувањето, симнувањето да им се олесни влегувањето и излегувањето од нивното возило или возилото во кое се превезуваат. Факт е дека паркинг треба да има достапен за сите и вистина е дека во Велес се бара паркинг плус, меѓутоа, тоа не значи дека треба да се узурпираат паркинзите определени за овие лица кои имаат реална потреба да го скратат патот на движење до објектите“ - соопштија од СВР Велес.

Велешката сообраќајна полиција  упатува апел до сите возачи учесници во сообракајот да ги почитуваат посебно обележаните местата за паркирање наменети за лица со инвалидитет на подрачјето на град Велес. Казната за паркирање на возило на места означени како паркинг за лица со посебни потребни изнесува 180 евра, но на крај, покрај санкционирањето на несовесните возачи се друго е одраз на нивото на општествената култура и свест.

„Да бидеме сите совесни возачи, да бидеме сите хумани кон нашите сограѓани со посебни потреби. Да не го  оневозможуваме паркирањето на оние на кои им е најмногу потребно“ - потенцираа од СВР Велес. 

Поврзани »

Вардар надоаѓа во Велес

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати