Сообраќајот кон Раштани, Бузалково и Иванковци се одвива со тешкотии

Петар Печков

Центарот за управување со кризи информира дека патниот правец кон село Раштани и Бузалково  е непрооден. Мештаните од овие населени места кажуваат дека има наноси од снег, на одредени делници е смрзнат коловозот и мошне тешко е да се движат возила.

Проблеми вообичаено со снегот има и за Иванковци, каде патот исто така е подрмзнат, мештаните велат утрово немале струја.

Во Општина Чашка машините биле на терен, а сообраќајот на  патниот правец Велес – Чашка се одвива отежнато.   

Во општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни во зимски услови. 

Утрово еден час беше затворен за сообраќај автопатот од Велес за Скопје, порада расчистување на снегот кај наплатна рампа Отовица.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи:
Аналитичар во микробиолошка лабораторија
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати