Состојбата со забите на иднтие првачиња во Велес е лоша поради конзумирање на шеќери, велат стоматолозите

Петар Печков

Состојбата на забите од децата од предшколска возраст  е лоша а евидентно било дека  децата сакаат да јадат чоколадо. Ова го вели д-р Анита Солева, стоматолог од Детска стоматолошка превентива, каде децата, идни првачиња деновиве доаѓаат за да се извршат потребните прегледи и да добијат документ за запишување во прво одделение.

„Потребно е да се променат лошите навики кај децата,  да се намали конзумирањето на чоколада, но да не бидат нагли промени. На децата кои доаѓаат вршиме едукација за правилно одржување на дентална хигиена, правилно четање на забите наутро и навечер, практикување на здрав начин на исхрана- овошје, зеленчук, да се избегнува земање на храна која содржи големо количество нa шеќери, како и редовна посета на стоматолог “ – вели  стоматолог д-р Солева.

Од средината на мај, започнаа систематските  прегледи во Детска стоматолошка превентива  Тие се во рамките на задолжителните систематски стоматолошки прегледи за идните првоодделенци.  Се врши преглед на забчињата на децата и залевање на првите трајни катници, доколку се целосно изникнати. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати