Систематските прегледи при уписот на првачињата во велешко открија дека до 10 отсто од децата имаат рефрактивни аномалии, но и се открива и т.н. мрзливо око во период кога може да се коригира

Петар Печков

Проблемите кои децата ги имаат со видот на рана, предучилишна  возраст се рефрактивните аномалии, кога  окото не го фокусира предметот и видот е замаглен.

Тоа  е присутно кај 5 до 10 отсто кај   децата  од Велес и велешко,  кои  тргнаа на училиште а се откриени при задолжителните систематски прегледи извршени летово кај офтамолог.

„Од 700 деца од Велес, Градско и Чашка кои беа прегледани, кај 5 до 10 отсто има рефракциони аномалии. Тоа се кратковидост, далекувидост и астигматизмот кој е поредок, но се јавува кај детската популација. Така е и изминатите години, кога ги извршувавме овие систематски прегледи“ – кажа  сци д-р Тодор Јаковлески офтамолог при ЈЗУ Општа болница Велес.  

Прегледите опфаќаат комјутерско мерење на диоптрија, преглед на очно дно и снеленова табела. Современиот начин на живеење, елеткронските уреди, мобилните телефони, комјутерите, лап топите, таблетите, седењето пред нив, предизвикува рефракциони аномалии на видот.

„Во современиот начин на живеење имаме доста електронски уреди, начинот на живот кај децата е седечки. Затоа овие рани сисематски прегледи кај офтамолог помагаат да се констатира дека детето има проблем со видот, да се одреди диоптрија и да носат наочари, според динамиката која ќе се одреди“ – вели д-р Јаковлески.

Докторот со препорака до родителите, децата што помалку да ги користат електронските уреди и да се одвојат од екраните преку спорт, забава, игра.

„Се појавува замор на очна мускулатура, гледањето во син екран негативно влијае на видот на детето, може да се јави очен дисконфорт. Ограничувања мора да постојат, не може децата по цел ден да бидат пред екраните, бидејќи и на училиште се пред компјутери. Гледањето од близина во учебници исто така ги заморува очните мускули. Забавата  на децата да не биде пред телефон, туку  преку  физичка активност или кратко кажано, да се одвојат од екраните“ – објaснува д-р Јаковлевски.  

Со овие систематски прегледи  на рана возраст, кај децата на 5-6 години можно е да се открие амблиопија  т.н. мрзливо око.  Тоа е една од придобивките на овие рани  систематски прегледи кај офтамолог, бидејќи на подоцнежна возраст, на 10-12 години, таа не може да се корегира ниту со наочари.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати