Сојузот на спортови на Велес бара предлози за избор на спортист на градот, но и сите други категории за 2025 година

Петар Печков

Сојуз на спортови на Велес покрена постапка за избор на најуспешни: спортисти, тренери, спортски екипи, спортски работници, судии, манифестации и други спортски признанија на Општина Велес за 2025 година.

Наградите и признанијата за најуспешните спортисти, тренери, екипи, на Општина Велес, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуални и екипни спортови во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чие седиште е во Велес.

Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните, имаат спортските клубови како и други спортски здруженија чие седиште е во Општина Велес. Предлозите треба да бидат во печатена форма со потпис и печат од одговрното лице на клубот или спортско здружение.

Предлозите за избор на најуспешните на Општина Велес за 2024 година, се рангираат во следниве категории:
Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени)
Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени во јуниорска конкуренција)
Најуспешни 10 спротски млади надежи (деца помлади до 14 години)
Најуспешен тренер во сениорска конкуренција
Најуспешен тренер во младинска конкуренција
Најуспешни 3 спортски екипи од Велес во сениорска конкуренција
Најуспешна 3 спортски екипи од Велес во младинска конкуренција
Најуспешни спортски манифестации организирани на територија на Општина Велес и под покровителство на Општина Велес за 2025 год.
Најуспешно осново или средно училиште од областа на спортот за 2025.    
Најуспешен спортски педагог
Најуспешен спортски судија од град Велес за 2025 година
И други признанија за постигнати резултати во спортот во Велес

Критериуми за спортските остварувања се резултатите во олимписки и неолимписки спортови и дисциплини, во поединечни и екипни спортови, постигнати на олимписки, светски, европски првенства, меѓународни натпревари како и домашни натпревари (Државни првенства, купови и лиги) организирани од Национални спортски федерации.     

Предлозите за горенаведените спортски категории ги доставуваат спортските клубови и други спортски здруженија со седиште на подрачјето на град Велес, со уредна документација која што треба да содржи: официјален документ за постигнатите спортски резултати објавени во билтени, веб-страници, или документи издадени од Национални спортски федерации.

Јавниот конкурс трае 10 дена сметано од денот на објавувањето, односно од 02.12.2025 до 12.12.2024 година.

Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен плик, секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот во просториите на  Гимназија Кочо Рацин Велес на пријавница (кај обезбедувањето) со назнака за "Избор на спортист на годината 2025“ на Велес.

Поврзани »

Експанда ДООЕЛ

ПРОДАЖЕН ЕКСПЕРТ
Локација: Велес
Број на работни места: 2

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати