Со аплицирани 36 вакцини во Црквино, заврши теренска вакцинација прва доза

Петар Печков

Со посетата на село Црквино заврши првиот круг на теренска вакцинација во поширокиот велешки регион. Таму денес биле аплицирани 36 вакцини, прва доза. Од понеделник продолжува со вакцинирање втора доза и тоа со селата од Општина Чашка, Бањица, Отиштино, Еловец, Бусилци и Раковец.  

Денес беа вакцинирани со втора доза и затворениците од одделението од затворот во Велес, сите 13 кои веќе примија прва доза а се пријавиле и три нови лица,  кои примиле прва доза. 

Во попладневни часови се вакцинираа и 59 деца на возраст од 12 до 17 години, кои беа пријавени од страна на нивните родители. Тие примија вакцина „Фајзер“.  

Вакцинаниот пункт во спортската сала на училиштето Коле Неделковски работеше денес а со пациенти ќе работи и на 17-ти, 18-ти 19-ти, 30-ти и 31-ви август. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати