Со кампањата „Дали ќе не посетиш годинава“ од археолошкиот локалитет Стоби го подигнуваат интересот на домашните посетители

Петар Печков

Со кампањата „Дали ќе не посетиш годинава“ НУ Стоби, ќе ги привлекува домашните туристи да го посетат археолошкиот локалитет Стоби. Ова доаѓа откако бројот на ланските посетители е во голема несразмерност помеѓу  странските и домашните, скоро 12 илјади странски (11.994) и само 1.703 домашни. 

Вкупниот број гости кои го посетиле локалитетот е 18.667 колку што имало посетата и претходните години.  Од овој број на гости, деца биле 4.970.  Најчести домашни посетители се учениците од основно и средно образование.

„Најголемиот број на бројки од статистиката нè радува. Единствено што малку нè изненади е бројката на домашни посетители. Сакаме Стоби да биде место каде секој посетител ќе доживее нешто посебно, затоа ги очекуваме сите  ваши коментари и сугестии, за тоа како можеме да го направиме искуството уште поинтересно и позабавно. Затоа  прашуваме, кога последен пат сте биле во Стоби? Кога последно ги видовте мозаиците коишто ги восхитуваат сите странски гости? Кога последно го почувствувавте трепетот на театарот, местото каде оживуваат сите случувања во Стоби? Странски посетители отсекогаш се восхитуваат на Стоби, но нашите домашни посетители како да забораваат какво богатство имаат дома “ – соопштија од НУ Стоби. 

Додават дека  локалитетот  Стоби е првиот на Балканот што нуди искуство со виртуелна реалност и дигитален аудио водич. Откако заврши реконструкцијата и конзервацијата на театарот, од годинава тој може да прима публика за одржување на театарски претстави и концерти. 

Рекордна година по посетеност е 2018-та со 22.000 гости.

фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати