Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јануари 2025
Со промената на статутот Националната установа за култура „Јордaн Хаџи Констатнинов Џинот“ од Велeс, повторно е велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Co неа институцијата се враќа на неговата основна дејност, театарската.
„Исправаме неправда од 2004 година, по име сме Центар за култура а од денес сме тоа што сме, театар Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“ – рече Жарко Спасовски директор на велешки театар.
Новиот статут, со кој театарот од Велес се враќа кон неговата изворна дејност ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
„Во оваа инстиуција ја започнав актерската кариера, како аматер и потоа како професионалец. Велешки театар отсекогаш го носел името театар, не го користел името кое служело за други дејности. Поправаме еден превид од минатото, а на театарски Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма, затоа што во годините наназад, статутарниот назив Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот никогаш не заживеа и се занимаваше само со својата една и единствена дејност театар. Оваа промена им ја должевме на основоположниците на велешкиот театар, од првата жена која стапнала на театарската сцена во Македонија Тинка Коларова, преку Прличко и Тодорче, се до денешниот ансамбл на театарот. Со своето минато и сегашност, театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ останува живо сведоштво за богатата културна историја на Велес и неговото значење како културно срце на Македонија“ – кажа министерот Љутков. Оваа проемна на статуитот, актерите и вработените ја поздравија со долготраен апалуз.
Во 2004 донесена е одлука на тогашната Влада повеќето професионални театри во Македонија да се пререгистрират во Центар за култура, со што ја губат примарната дејност, театарот. За разлика од театрите во Куманово, Струмица, Штип, Прилеп, велешкиот никогаш не ги применил другите форми –музичка, ликовна, фолклорна, филмска дејност, останал на своето, да работи како театар.
Во 1948 е формиран Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, кој прераснува во професионална институција и станува центар на културниот живот во Велес.
Љутков најави и реформа во начинот на финасирање на програмските активности.
„Се воведува делегиран буџет. Тоа значи дека за 2025 година театарите ќе добијат одреден буџет, како што функционираат фестивалите. Ќе го добијат буџетот, ќе ги реализираат програмите и на крајот од годината, директорите ќе поднесат извештај што сработиле. Можам да кажам дека велешки театар ќе добие двојно поголем буџет за работа од лани“ - најави Љутков.