Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јануари 2025
Симона Димкоска, Исидор Јовановски и Благојчо Стојанов се тројца актери на велешки театар, дел oд 170 во Македонија, кои пред истекот на минатата 2024 година, добија трансформација од определено на неопределно работно време.
Дел од врaботените во Центрите за култура и театрите во Македонија, биле на определено време и нивниот статус завршувал на крајот на 2024 година.
Cо промените на Законот за култура, пред крајот на минатата година, од Министерството за култура успеале да ги трансформираат нивните работни места, од одредено на неодредено работно време.
„Со измените на Законот култура кои ги предложивме, со брз чекор, на 170 уметници од „А“ категорија, на кој им зависеше нивното работно место, можеа да ги изгубат работните позиции, успеавме на крајот на 2024, во последен момент, да ги трансформираме со помош на пратениците во Собранеито, кои ги изгласаа промените. Така конечно овие 170 носители на дејност добија статуст уметници на неопределено работно време“- кажа министерот Зоран Љутков.