Со „Госпоѓа министерка“ велешки театар гостува во Смедерево, на фестивалот Денови на Нушиќ

Петар Печков

Вечерва, среда, велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ на „Нушиќеви дани“ во Смедерево, Србија ќе ја изведе претставата „Госпоѓа министерка“. Та е дел од содржините  на тамошниот фестивал „Нушиќеви дани“. На фестивалот настапуваат театари од Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија и Косово. 

„Со секое гостување, театар  ја носи македонската театарска уметност надвор од границите и го збогатува културниот простор на регионот“ – кажа Жарко Спасовски, директор на велешки театар. 

Работена по текст на Бранислав Нушиќ а во режија на Синиша Евтимов. Со улогата на Живка,  Зорица Панчиќ слави 30 години професионална актерска кариера. Играат и Талија Настова, Сандра Танчева, Фаик Мефаилоски, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски, Филип Христовски, Кире Ацевски. Благојчо Стојанов освои наградата за најдобра споредна улога на „Денови на комедија“ во Куманово.  Велешкиот театар повторно се враќа во Смедерево, по успешното гостување со „Галеб“, кога Исидор Јовановски ја доби наградата за најдобра машка улога. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати