Српската Влада го ограничи увозот на маргарин, штети трпи велешка Маслодајна

Петар Печков

Српската Влада го ограничи увозот на масло за јадење и маргарин, со што трпи штети единствениот македонски производител велешка Маслодајна. Откако неколку години работи на извоз на маргаринот на пазарите во Србија и тој е во континуиран пораст, од 141 тон во 2021 лани стигнале до 317 тони, на 8 март годинава нивната Влада носи одлука за „квантитативно ограничување на увоз на земјоделско прехрамбени производи“, меѓу нив и на маргаринот.

„Вака донесената одлука на Српската Влада претставува грубо кршење на трилатералните договори склучени во рамките на иницијативата Отворен Балкан пoмefy нашата држава, Р.Србија и Р.Албанија со кои беше овозможен непречен и слободен проток на земјоделски и прехранбени производи помеѓу овие држави. За оваа состојба на 28 март годинава, писмено го информиравме Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и самата Влада, но од таму не добивме никаков одговор, ниту пак се преземаа некакви мерки“ – соопштија од компанијата Кристал 1923.

Затоа од велешки Кристал 1923 очекуваат од новата Влада, да се преземат соодветни мерки за надминување на оваа состојба, со која се соочуваат како домашна компанија од прехранбената индустрија. Тие посочуваат дека увозот од Србија во Македонија, на маргарин останува со непроменето темпо. Лани во земјава биле узвезени 2,5 илјaди тони а годинава за четири месеци 880 тони.

„Нашата компанија веќе неколку месеци трпи штета со одлуката на Владата на Р.Србија со која тие си го штитат своето домашно производство на начин што го ограничуваат увозот со квоти кај нив на масло и маргарини од нашата држава, а во исто време кај нас е овозможен слободен увоз на масло и маргарини од оваа соседна држава, со што се создава нелојална конкуренција“ – додаваат од Кристал 1923.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати