Стапи на сила новиот возен ред на Македонски железници, до 10 јуни сообраќаат седум патнички воза низ земјава, на хартија се десет

Петар Печков

Од денес, недела 14 декември, стапи на сила новиот ред на возење на Македонски железници. Тој е со важност до 12 декември следната година. На хартија по македонските пруги сообраќаат десет пара на патнички возови, по три од Скопје за Битола и Велес и по два за Куманово и Гевгелија. И натаму, возовите од Скопје  кон Кичево и Кочани не сообраќаат, од мај 2021 година. Нема ниту меѓународни возови кон Грција, Србија и Косово.

Во однос на времето на поаѓање скоро и да нема промени, во однос на досегашниот ред на возење.

Во пракса од овие десет патнички воза, сообраќаат седум, кон Велес  не возат двата локали  а кон Битола еден. 

Претходно Македонски желeзници соопштија дека од четвртокот 11 декември времено се укинуваат три патнички воза, два локали  од Скопје до Велес и еден за Битола.  Тие нема да сообраќаат до 10 јуни следната година. Причината за ваквата одлука е реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково.  Во  периодот од 9 часови  од 7,30 до 16,30ч. освен патничкиот нема да се одвива и товарниот железнички сообраќај. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати