Стотина војници доброволци дадоа свечена заклетва (фото)

Петар Печков

Во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,, денес свечена заклетва даде 39-тата генерација на војници кои доброволно го отслужуваат воениот рок.  Во оваа генерација на тримесечна обука се 108 млади војници, меѓу кои и 10 девојки а на свеченоста присуствуваше  и началникот на ГШ генерал – мајорот Васко Ѓурчиновски.

Пред војниците од триесет и деветтата генерација кои доброволно го отслужуваат воениот рок свое обраќање имаше заменик на министерот за одбрана, Беким Максути и командантот на центарот за индивидуална обука, потполковник Мухамед Ибраими.

Во своето обраќање кон војниците Максути им порача на војниците дека самиот чин на доброволното пријавување за служба во Армијата е чин кој заслужува почит и поддршка од секого. Притоа истакна дека за време на отслужувањето на тримесечниот период министерството и армијата ќе овозможат војниците да ја засакаат уште повеќе воената професија и да ја продолжат својата кариера во редовите на Армијата.

Потполковникот Ибраими обраќајќи се кон родителите на војниците кои присуствуваа на свеченоста порача дека треба да бидат горди на своите синови и ќерки кои со достоинство ја прифатија одговорноста да и служат на татковината во редовите на Армијата.

На свеченоста присуствуваше и државниот секретар во министерството за одбрана, Драган Николиќ, командантот на командата за операции, генерал-мајор Павле Арсоски, командантот на командата за обука и доктрини, бригаден генерал Методи Хаџи- Јанев, претставници од Министерството за одбрана и генералштабот на Армијата, командите и единиците на Армијата, локалната самоуправа и родители, роднини и пријатели на војниците.

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Акција за собирање на електричен и електронски отпад

Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон.

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

  • да, често
  • за викенд рекреација
  • нема патека
  • Велес не е град за велосипед, има угорници
Резултати