Судар на два камиони во кавадаречко, еден од учесниците од Велес (фото)

Петар Печков

Во судар на два камиони, во близината на село Раец –кавадаречко, едно лице е тешко повредено. Во сообраќајката учествуvал и велешанец, возач на еден од камион. Деталите од информацијата на СВР Велес и тамошната служба за Итна помош

„На 11.03.2025 во 19.35 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско - Прилеп, во близина на с.Раец, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36 год) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29 год) од Велес“ – ифнормира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес

„Повреденото лице било приклештено во камион и извадено од пожарникари. По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница“  - кажа д-р Антоан Паракеов.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.  

Претходно, на истата делница помеѓу Фариш и Раец, кавадаречко, се превртел шлепер, со скопски регистарски таблички, кој бил управуван од велешанец.

„Според првични информации од лице место, товарното возило со скопски регистарски таблички од засега непознати причини се излизгало во долот. Шоферот од Велес роден 1985 година, успеал да излезе од возилото. Се здобил со лесни телесни повреди, но заради секоја сигурност, го однесовме до Општа болница Кавадарци, за подетална проверка на неговата здравствена состојба“ – кажа  д-р  Паракеов.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати