Тажни се сликите кои ги гледам на велешко езеро, сочувствувам со велешани-порача премиерот Заев и најави есенска акција на пошумување

Петар Печков

Ќе се зголемува бројот на пожарникари во територијалните противпожарни единици и ќе се обучуваат пилоти за летање со  канадерите, авиони за гаснење пожар. Ова го најави премиерот Зоран Заев, по денешната посета на езерото Младост, чија околина во понеделникот изгоре во десет часовната огнена стихија.  

Сите овие години има голем број донации на опрема и возила, но тоа е далеку од доволно. Ќе продолжиме со поголем интензитет да ги опремуваме противпожарните станици, кадровски да ги до екипираме и технички да ги  опремиме рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се започне со обнова на пожарникарските коли кои се стари во просек по 25 години а бројот на пожарникари е помал од нормативите. Дополни дека блок дотациите за финансирање на ТППЕ од МВР биле префрлени во Министерството за одбрана, со што се создавало можност за кадровско јакнење но и набавка на нова опрема.  

Од Владата воочиле дека и Дирекцијата за заштита и спасување  мора да навремено да се екипира. Во земјава има три противпожарни авиони  ,,ер трактор,, и двајца активни  пилоти, кои физички не можат да стигнат да реагираат секаде низ земјава, кога има пожари.  

Во Буџетот има  предвидено 12 милиони денари за до едукација на  пилоти, оти ги нема. Мислам дека ќе одат во Хрватска на до образование за да може  да се до екипираат. Пилотите имаат право на одмор после одреден број на часови на лет. Таков беше и случајот во Велес  и затоа повеќе вода истурија воените хеликоптери отколку канадерите - кажа премиерот Заев. Што се однесува до пожарот кој зафати 400 ха површина околу езерото Младост, тој нагласи дека штетите и последиците се долгорочни. 

Тажни се сликите кои ги гледам на велешко езеро Младост, сочувствувам со велешани кои за неколку часа изгубија омилено рекреативно излетничко место. Чувствувам и гнев, оти се случило од човечка небрежност и неодговорност - рече Заев.  

Најави дека ќе се спроведе план за брзо, масовно и ефикасно пошумување,  кој  ќе започне од есен со  вонредно пошумување со што оваа територија.  За таа цел во со ребалансот на Буџетот, ќе се предвидат средства за ЈП Македонски шуми да може да ја изведе акција, која би  се спровела во ноември.

loading...

Поврзани »

loading...

Општина Велес објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Велес за набавка енергетски ефикасно грејно тело за 2019 година

Детали

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:
20 (дваесет) Оператори во производство

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

  • Дадоа максимум
  • можеа повеќе
  • за прв пат учество, одлични беа
  • запоставени, а не направија горди
Резултати