Тони Димковски нов претседател на адвокатската заедница од Велес

Петар Печков

На Изборно собрание Адвокатската заедница од Велес беше  избран нов претседател, тоа е Тони Димковски  кој има 25 годишен стаж во оваа професија. Тој доаѓа на местото Оливер Гашев кој истата функција ја извршуваше четири години. 

Избрани се и седумтте  делегати кои ќе ги претставуваат  60-те колеги  пред  Собранието на  Адвокатската комора на Македонија.

Освен претседателот Димковски делегати се Наташа Андреевска, Андреја Радиновски, , Оливер Гашев, Коста Нојков, Гроздан Сутинов и Борче Стојанов. Тие веќе викендов ќе го избираат новиот претседател на Адвокатската комора на Македонија во Хотел Изгрев во Струга. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати