Точно на пладне и Гари Купер на мурал среде Велес

Петар Печков

На голиот ѕид под Градскиот саат, неколку дена велешани ги пречекува сцена од вестерн класиката ,,Точно на пладне,, и  актерот Гари Купер како шерифот Вил Кејн, за што беше награден со Оскар во 1953-та. Муралот е дело на стрип цртачите од Стрип центарот на Македонија, со кој тие на урбан начин го доловуваат стрипот како уметност, но и ги покриваат голите ѕидови на јавните површини. 

По подолго време пауза, продолжуваме да цртаме стрип мурали во Велес.  Сакаме да го збогатиме градот со ѕидна уметност и  очекувам дека со поддршка од надлежните оваа наша работа ќе продолжи и натаму. Имаме доста голи ѕидови, кои можеме да ги покриеме.  Го работевме во црно - бела техника, оти секоја друга комбинација, ќе го расипеше впечатокот - рече Ване Трајков  претседател на  Стрип центарот на Македонија. Тој заедно со     Анита Гочевска и Горан Мазнев го нацртаа овој мурал. Се работеше една седмица и е на површина од 21 м2. Муралот е изработен со финансиска поддршка на Министерството за култура, од годишната програма, преку проектот ,,Муралот како пример за културна и туристичка знаменитост на Велес,,. 

Илустрацијата е на Владимир Весовиќ - професор на стрип академија од Белград, која е нацртана на минатогодишната стрип колонија која се одржа во Велес.  Ова е петти стрип мурал во Велес,  кој е нацртан во период од 2007-та. Сите беа поврзани за градот, на три од нив е Кочо Рацин, на еден се Гемиџиите.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати