Сo изложба на дела од архитект Петар Намичев, велешки музеј ги одбележува Европските денови на културно наследство

Петар Печков

Со изложба на дела од архитектот Петар Намичев, велешкиот  Народен музеј ги одбележува Европските денови на кулутурното наследство. Темата  годинава е архитектурата, па токму затоа  поставена е  изложбата „Велес на хартија, архитектонски портрети“,  со дваесетина цртежи работени во туш на хартија. Преку нив се доловуваа што градот има како културно наследство и богатство, иако повеќето од куќите денес се во лоша состојба или се  разрушени.

„Намичев е по професија архитект, предава на факултетот во  Штип. Неговите родители потекнуваат од Велес, па затоа добро ја познава велешката архитектура. Неговата фасцинација од детството ја има преточено во овие дела кои се работени во периодот 2008-2010 година. Изложбата е веќе претставена во Велес, во Ликовен салон во 2010-та година. Авторот издвои 20-тина дела, селектираше по негов избор, и тие ги претставуваме на јавноста во градот“ – кажа Алесандара Гиовска, кустос историчар на уметност, од Народен музеј Велес.

Поврзани »

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2025 година

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2025 година

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати