Изложба на фотографии на лица со попреченост, „Живеј со стил, поддржи различности“

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес, отворена е изложбата „Живеј со стил –поддржи различности“. На изложбата се поставени 32 фотографии, портрети на лица со попреченост. Тие потекнале од модната изложба, одржана во Скопје во Музејот на современа уметност 2024 година. Сите лица кои се на портретите, биле учесници на ревијата.

„Ова се портрети кои инспирираат за силата, достоинството и човечноста. Благодарност за присутни, кои ни даваат сила да ја одржиме нашата креативна моќ, да станеме подобри луѓе, да се разбираме меѓусебно преку јазикот на душата а не говорот, кои често претрчува пред сите. Низ овие фотографии ќе откриете дека животот е едно прекрасно патување, низ кое треба да се движиме со леснотија“ - кажа   Гере Трипков, претседател на здружението „Иквалити“.

Изложбата беше поставена во Крушево за Илинден, Гевгелија, Ресен па после Велес, продолжува Крива Паланка,  Делчево, Струмица,  Свети Николе и за крај на година во Скопје.

Поврзани »

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2025 година

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2025 година

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати