Трактористите Павлов од Валандово и Манев од Росоман -државни прваци (фото)

Петар Печков

Неодамна во Чашка, се одржа државното првенство за трактористи - орачи, 62-ро по ред. На него  учество земаа најдобрите дваесет трактористи орачи од шест региони во државата. По завршувањето на натпреварот на најдобрите трактористи- орачи им беа доделени награди.

Првото место  во категоријата лесни трактори  го освои -Слободан Павлов од Валандово а Драган Манев од Росоман во категорија тешки трактори. Прво наградените од натпреварот ќе ја преставуваат Македонија  на Светското првенство кое ќе се одржи во Русија.

Од мое име и од името на општина Чашка упатувам искрени честитки. Годинава, за прв пат се појавија и натпреварувачи од нашата општина. Очекуваме овој настан да продолжи да се одржува во нашата општина како рурална и пред се земјоделска со цел афирмација на овој земјоделски крај - порача Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка, домаќин на натпреварот.  

Организатор беше Сојузот на техничка култура во стопанството на Македонија и Народна техника на Македонија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати